Новите снимки на НАСА покажуваат колку мраз изгубил Арктикот досега

Глобалното затоплување ни се заканува со потенцијално непоправлива штета на нивото на морињата и климата на Земјата. Затоа од клучно значење е интензивно да ги следиме индикаторите на климата во светот, како и нивото на поларен мраз кој се топи.

Новите сателитски снимки од НАСА откриваат дека рекордното намалување на мразот на Арктикот во последните децении целосно ги намалило обемот и дебелината на Арктичката ледена покривка. Всушност, овие податоци покажуваат дека сезонската покриеност на Арктикот со мраз е најниска во историјата, од 1979 година, а се очекува да продолжи да опаѓа со затоплувањето на атмосферата и океаните.

Ова видео на НАСА покажува дека Арктикот го губи и својот траен мраз, односно мразот кој опстојува во текот на летото и го формира најдебелиот дел од ледената покривка.

Во меѓувреме, мразот на Антарктикот расте, но огромните загуби на мраз на Арктикот сепак го намалуваат глобалното ниво на мраз.

https://www.youtube.com/watch?v=6ZAuRpK4tkc

Поддржете ја нашата работа: