
Кратко пред смртта на познатиот физичар во март, тој ја завршил својата последна теорија за вселената, а таа е поедноставна отколку што мислиме ние.
Реалноста би можела да се состои од повеќе вселени, а секоја од нив можеби не е толку различна од нашата, стои во последната теорија за вселената на Стивен Хокинг што ја завршил само неколку недели пред својата смрт.
Трудот во кој учествувал и белгискиот научник Томас Хертог прикажува многу поедноставна слика од последните 13,8 милијарди години од многу претходни теории.
“Теоријата со која паралелните универзуми се многу слични ни дава надеж дека ќе можеме целосно да ги разбереме космолошките рамки”, истакнува Хертог.
Новата теорија ја презема работата што Хокинг и американскиот физичар Џејмс Хартл ја објавиле во 70-тите години и ја освежува со помоќни, посовремени математички техники.
Ова дело нема да биде последното што ќе го носи името на Хокинг. Имено, Пери заедно со него и со Ендрју Стромингер од „Харвард“ напишал најмалку два труда за црните дупки што допрва треба да се објават.































