Од 110 години старо дрво настанала најавтентичната библиотека

Гнило дрво, старо повеќе од еден век, наместо да го исечат и уништат, денес во него се наоѓа една од најубавите библиотеки на светот.

Иако живееме во свет каде има интернет, со пристап до информации на само еден клик, сеуште не постои нешто магично и важно кога се во прашање книгите. Способноста да се нурне во книжевната фикција, да се чита полека и внимателно, помага при постигнување на важни вештини како критичко размислување и емпатија.

Проектот “Little Free Library” започнал како непрофитна американска организација, чие влијание е распространето по цела Европа. Малите бесплатни книжарници кои функционираат на принципот “донеси книга, позајми книга”. Во 88 земји постојат повеќе од 75 000 мали книжарници во кои годишно се менуваат милиони книги.

Сепак, најавтентичната библиотека од овој тип се наоѓа во државата Ајдахо. Библиотекарката Шерли Армитаџ Хауард, одлучила од огромно стебло, старо 110 години да направи библиотека. Дрвото било гнило, па затоа наместо да го исече и уништи, денес во него се наоѓа една “Little Free Library” библиотека.

Поддржете ја нашата работа: