Одредени хемикалии во козметичките производи придонесуваат за ран пубертет?

СПОДЕЛИ

Според резултатите на долгорочните истражувања спроведени од страна на научниците од Универзитетот во Калифорнија, хемикалиите пронајдени во производи за лична нега влијаат на предвремениот пубертет.

Изложеноста на парабени, феноли и фталати има одреден ефект врз девојчињата, додека кај момчињата не е забележан овој феномен.

За некои од овие хемикалии откриле дека за секое удвојување на концентрацијата измерена во урината на бремени жени, нивните ќерки во просек поминале во пубертетот една година порано.

Фталатите се користат во миризливи производи, како што се парфеми, дезодоранси и сапуни, додека парабените се конзерванси во козметиката, а фенолите се користат во сите.

Тие хемикалии допираат до рецепторите за хормони преку кожата кој е најголем орган на нашето тело, која апсорбира се што ќе дојде во допир со неа.

“Најдовме докази дека некои хемикалии кои се користат во производите за лична нега се поврзани со раниот пубертет кај девојчињата” , вели д-р Ким Харли, вонреден професор по јавно здравство на Универзитетот во Калифорнија, кој ја предводел студијата.

“Специфично, откривме дека мајките кои имале повисоки нивоа на две хемикалии во нивните тела за време на бременоста – диетал фталат, кој се користи во мирис и триклосан, кој е антибактериски агент во одредени сапуни и пасти за заби – имале ќерки кои прерано влегле во пубертетот.”

“Исто така, откривме дека девојчињата со повисоки нивоа на парабени во нивните тела на деветгодишна возраст влегоа во пубертетот порано.”

“Ова е вежно затоа што знаеме дека возраста во која започнува пубертетот кај девојчињата се појавува порано во последните неколку децении; една хипотеза е дека хемикалиите во животната средина може да играат улога,  а нашите наоди ја подржуваат оваа идеја.

Раниот пубертет кај девојчињата го зголемува ризикот од проблеми со менталното здравје и однесувањето на ризик како тинејџери и го зголемува ризикот од рак на дојка и јајниците на долг рок, па ова е важно прашање за решавање” – додава Д-р Харли

“Возраста на пубертетот напредува со години и други фактори како што е етничката припадност е исто така важна. Друга главна теорија изнесена пред почетокот на пубертетот е зголемената преваленца на прекумерна тежина и дебелина кај децата.”, вели д-р Али Абара, професор по ендокринологија на Кралскиот колеџ во Лондон.

Студијата е објавена во списанието Human Reproduction.

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ
------- Донации -----------------------------------------------------------------------------BTC : 32CyCcnLh1wnLp5LqTm72BrWTsonxYtu7n --------------------------------------ETH: 0x5EB1a3010c339F794c2DA50Fd215Afc6B76334EA ----------------------------