Астрономскиот центар Орион организира Основен курс по астрономија за сите кои сакаат да се запознаат со фасцинантната природа на нашиот Универзум и магичните особини на ноќното небо. Курсот ќе започне од 4 октомври во 20:00 часот во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје.
Овој визуелно богат курс кој изобилува со многу фотографии, слики и анимации е замислен да обезбеди нетехничко објаснување на модерната астрономија, вклучувајќи ја структурата и развојот на планетите, ѕвездите, галаксиите и Универзумот како целина. Курсот ја опфаќа целата материја за основите на астрономијата, објаснети и презентирани низ примери аналогни на нашето опкружување. Во последните десетина години оваа наука доживеа голема експанзија, развој и усовршување.
Курсот е концентриран на најважните и највозбудливите аспекти во астрономијата и методите кои астрономите ги користат да развијат претстава за нашето опкружување. Предавањата се претставени со јасни и едноставни термини, детално објаснување како „работи“ Универзумот, и поврзаноста на сите компоненти и објекти во него, кои ќе ги разгледаме и дискутираме на предавањата.
Курсот се содржи од 15 предавања кои ќе се одржуваат секој вторник и четврток:
►4 окт. – Вовед во астрономија и небесни објекти
– Астрономски поими, концепти и закони 1 дел
►6 окт. – Астрономски поими, концепти и закони 2 дел и 3 дел (2 блок предавања)
►13 окт. – Развој и видови на ѕвезди
– Нашето Сонце
►18 окт. – Координатни системи (предавање во Планетариум, МКЦ)
– Навигација по ѕвезди (предавање во Планетариум, МКЦ)
►20 окт. – Сончев систем 2 дел, Карпести планети и астероиди
– Сончев систем 3 дел и 4 дел, Гасовити џинови, комети…
►25 окт. – Телескопи
– Астрономски софтвер
►27 окт. – Галаксии и ѕвездени јата
– Последната граница
Теренското набљудување ќе биде закажано во зависност од метеоролошките услови, по можност за време на викенд.
Сите предавања почнуваат од 20:00 ч. и траат до 21:45 заедно со паузата од 10 минути. После секое предавање ќе има прашања и кратка дискусија. За секое предавање ќе имате прирачник за полесно следење и помнење на материјалот.
На крај од курсот ќе се доделат дипломи за најредовните, а за останатите сертификати за учество.
Цената на курсот е 1500 денари. Пријавување не е потребно, само треба да дојдете барем 15 минути пред почетокот на првото предавање за да се пријавите.
За членовите на Астрономски центар Орион; останатите астрономски друштва во Македонија и за студентите од Архитектонскиот факултет, ќе има попуст од 20%(притоа посетителот треба да покаже членска карта или индекс).
За повеќе информации слободно пишете на контакт формуларот на нивниот официјален сајт www.orion.mk, на orion.mk@mail.com или јавете се на 075 421 012.
*Доколку распоредот биде подложен на промени, сите промени ќе бидат соодветно објавени.