Откриен нов вид на морско коњче – не поголемо од зрно ориз

Запознајте го Јапонското прасе, новооткриениот вид на пигмејско морско коњче, пронајдено во Јапонија.

Со големина колку зрно од ориз, овие живописни суштества ги населуваат плитките води и добро се прилагодуваат на околината во која живеат. Тешко можат да се видат, бидејќи поради бојата изгледаат како мали делови од морска трева.

“Експертите ова суштество го нарекуваат Hippocampus japapigu – латински Јапонско прасе, име кое кое е народно прифатливо во југоисточна Јапонија. Своето име го добило бидејќи на локалното население им личи на прасе”, вели Грем Шорт, од Академијата за науки во Калифорнија.

Иако ова морско коњче нуркачите го набљудуваат веќе неколку години, дури сега Шорт и неговите колеги почнале со негово проучување. Јапонското прасе е еден од седум познатите видови на пигмејски морски коњчиња кои се многу помали од останатите.

Новиот вид се разликува во неколку аспекти од своите роднини, на пример, поседува чуден гребен на горниот дел од грбот. Целта на овој гребен е нејасна, но научниците се сомневаат дека можеби тоа е нешто што би требало да се привлече партнер, процес познат како полова селекција.

Foto: ShutterstockКако и кај другите видови на пигмејски морски коњчиња, и овој вид поседува крилеста структура на грбот, чија функција и натаму е нејасна. Но, за разлика од другите видови, кои имаат два пара, овој вид има само еден.

Живеалиштето на Јапонското прасе е малку необично како за морско коњче. Водата може да стане доста студена во овие области во зима, а топла во летниот период. Повеќето морски коњчиња не можат да толерираат толкави температурни разлики. Останатите пигмејски видови преферираат значително подлабока вода.

Нивната исхрана се состои од планктони, како што се копеподите. Прилично однесувањето им е активно, дури и разиграно.

Поддржете ја нашата работа: