Најдобрите изуми отсекогаш настанувале случајно. Сладоледот на пример брзо се топи поради топлите денови. За среќа, тим од Јапонски инженери има решение за тој проблем. Тука не станува збор за случајност, туку приказната започнува со големите цунами и земјотреси кои ја погодија Јапонија пред шест години.
Центарот за истраќување и развој на биотерапија во јапонскиот град Каназава, го развил овој нов вид на сладолед, благодарение на полиенолот изваден од јагоди. Се започнало во склоп со напорите да им се помогне на земјоделците во префектурата Мијаги погодена од земјотрес и цунами во 2011та година. Тие катастрофи го загрозиле земјоделието на локалната област, а особено бил погоден развојот на јагоди.
Со цел да се помогне на индустријата за добро да се искористи плодот, научниците го замолиле главниот готвач на еден ресторан, да создаде нов вид на слатка со користење на полифенол од јагоди. Меѓутоа, готвачот постојано се жалел дека кремот веднаш се згрутчува откако ќе додаде полифенол. Овие информации некако дошле до Tomihisa Ota, почесен професор на Универзитетот во Каназава кој имал генијална идеја: таквите својства на полифенолот можат да направат чуда на храната која се топи.
“Полифенол течноста има својства кои го оттежнуваат процесот на одвојување на водата и маслото, така што сладоледот кој подолго време ќе го задржи својот облик, ќе биде тешко растоплив”, вели Ota.
Изумот се продава во Каназава и во околината. Научниците тврдат дека сладоледот може да издржи на висока температура, значително долго време.