Откриен нов вид на рајска птица

Еден нов вид на рајска птица, која живее во Нова Гвинеја (Lophorina niedda) конечно е прифатена како нов вид, благодарение на својот препознатлив танц.

Германското име на новиот вид (во превод „птичја глава“) е инспирирано од изолираниот регион во индонезиска Нова Гвинеја, за кој се вели дека на мапата наликува на глава од птица и некогаш бил германска колонија.

Вогелкопот има една од најцрните бои на планетата. Мажјаците имаат светло сини ознаки кога го формираат она што личи на лице од цртан филм кога се обидуваат да ги заведат женките.

“Со ваквиот целосен статус на видот, толку посебниот вогелкоп стана четврта ендемска рајска птица од западна Нова Гвинеја. Тоа е факт кој ја нагласува важноста на овој регион како центар за ендемски биодиверзитет, вреден за подобрување на животната средина,” – велат истражувачите од лабораторијата за орнитологија Корнел, кои ги истражуваат рајските птици веќе осум години.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.