Откриен нов вирусен протеин важен во борбата против тумор

Еден тим на научници на чело со Проф. Д-р. Стипе Јонјиќ од Медицинскиот факултет Универзитетот во Ријека во соработка со научници од Универзитетот во Торонто открил нов вирусен протеин кој го залажува имунолошкиот одговор на домаќинот.

Станува збор за откритие кое допринесува за разбирање на еволуцијата на вирусните механизми кои му овозможуваат преживот во домаќинот и противмеханизмот на домаќинот со цел да се заштити од вируси.

Имено, како што пренесуваат хрватските портали, она што го откриле научниците, е новиот вирусен протеин кој го манипулира одговорот на клетките на вродениот имунитет т.н. природен убиец, кои се инаку важни за борбата против вирусни инфекции и тумор.

Хрватските научници веќе подолги години ги истражуваат механизмите на кои вирусот манипулира со нашиот одбрамбен систем. Клетките НК претставуваат прва линија за одбрана од вируси, а нивното активирање е одредено со сигнали кои доаѓаат од активирање и инхибиторни рецептори на нивната површина.

Во последните истражувања откриле вирусен протеин кој доаѓа на површината на инфицираните клетки и се врзува за инхибиторниот рецептор залепен на клетките НК и со тоа го оневозможува убивањето на инфицираните клетки.

Бидејќи тоа е неповолно за домаќинот, во текот на коеволуцијата, домаќинот развил активациски рецептори на клетките НК кои го препознаваат истиот вирусен протеин, со што домаќинот ја одбива вирусната субверзија. На ова уште еднаш реагирал вирусот со контрамерки и со текот на милиони години коеволуција мутирал ген кој го кодира протеинот и со тоа одново го прави невидлив за активирање, а истовремено ги прави видливи инхибиторните рецептори на НК клетките.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.