Откриен протеин кој го забавува развојот на рак на црниот дроб

Научниците од Базел, велат дека пациентите без LHPP протеинот живеат пократко за барем две години. Имено, тој протеин може да го забави развојот на рак на црниот дроб, и овозможува рана дијагноза и поголеми шанси за преживување.

Овој вид на рак најчесто се појавува кај постари мажи, кои боледуваат од цироза на црниот дроб и често се дијагностицира во подоцнежните години, што им го скратува времето на живот.

„Протеинот наречен LHPP спречува неконтролирано ширење на клетките на ракот во црниот дроб“, велат од швајцарскиот универзитет.

Недостатокот на тој протеин, на пациентите им го намалува животниот век за две години.

Заради тоа, би требало да се обнови производството на тој протеин кај пациентите кои го немаат по генетски пат.

Откритието е објавено во магазинот „Nature“, каде авторот на истражувањето вели дека е зачудувачки тоа што LHPP бил потполно отсутен во ткиво во кое има тумор, додека бил присутен во здравото ткиво.

Истражувањето е направено со проучување на 4,000 протеини во здраво ткиво, како и во туморите на црниот дроб кај лабораториски глувци.

“На ист начин како и во примерот со глувците, очигледен е падот на нивото на LHPP протеинот кај туморот на пациентите кои страдаат од рак на црниот дроб”, додава авторот на истражувањето.

Поддржете ја нашата работа: