Откриена чудна медуза во близина на Маријанскиот Ров

Истражувачите од истражувачкиот брод „Okeanos Explorer“ на Националната океанска и атмосферска администрација ја забележаа оваа чудна медуза на длабочина од 3.700 метри во длабокиот подводен гребен наречен Енигма, кој се наоѓа западно од Маријанскиот Ров.

Истражувачите сметаат дека оваа медуза со вонземски изглед може да припаѓа на родот „Crossota“ – група медузи кои немаат неподвижна фаза на полипи. Тие исто така сметаат дека ова животно е предатор во заседа поради начинот на држење на телото (погледнете ја првата половина од видеото) – неподвижно тело со испружени пипала како пајакова мрежа која чека нешто да се фати.

Се чини дека црвените канали ги поврзуваат жолтите објекти под транспарентниот стомак, кои најверојатно се гонади, односно полови жлезди.

„Okeanos Explorer“ ќе продолжи да го истражува пределот кај Маријанскиот Ров во текот на следните девет недели па со нетрпение очекуваме да видиме што ќе открие следно.

Пренос во живо од истражувањето може да гледате на следниов линк, но внимавајте на временската разлика. Нуркањата обично започнуваат во 4.30 часот попладне по источно време (10.30 навечер по наше) а завршуваат во 12.30 часот (или 6.30 наутро по наше).

Поддржете ја нашата работа: