10 чудни работи за најдлабоките места во океаните

Просечната длабочина на океаните изнесува околу 3,5 километри, но секоја длабочина поголема од 200 метри се смета за „длабоко море“.

Најдлабоката точка во океаните – Маријанскиот ров – изнесува нешто повеќе од 11 километри и се наоѓа во западниот Пацифик.

Според поделбата од научниците, длабочина до 0,2 км се нарекува „литорална зона“, од  0,2 км до 3 км „батијална зона“, од 3 км до 6 км „абисална зона“, а сѐ што е подлабоко од ова се нарекува „хадална зона“.

Хадалната зона главно се состои од длабоки ровови, но и таму има жив свет и ова е мал поглед на тој прекрасен свет

1. Царството на богот Ад

Хад (или Ад) во грчката митологија се однесува на  два поими – подземниот свет каде престојуваат мртвите и името на богот на подземјето Хад (брат на Зевс и Посејдон)

Во модерно време, Хад се гледа како зол, но во митологијата Хад е прикажан повеќе како неверојатно строг, отколку како вистински злобен. Хад строго забранувал жителите со кои владеел да го напуштат местото што е интересна аналогија со хадалната фауна, бидејќи овие видови најчесто се ограничени во рововите и ретко се способни да одат на друго место.

1

2. Колку точно е длабок океанот?

Екстремните длабочини на хадалните ровови се одредуваат со помош на „звучни бомби“. Одредено количество на ТНТ се фрла од брод и се бележи ехото што стига до бродот.

Оваа метода се користела за одредување на длабочината на многу ровови, но точната длабочина на засега најдлабоката точка – Маријанскиот ров – сѐ уште е тешко да се пресмета. Уште четири точки, сите во западниот Пацифик, надминуваат длабочина од 10 километри: Тонга, Курилско-Камчатскиот ров, Филипини и ровот Кармадек.

5

3. Кој ги истражувал?

Во експедицијата „HMS Challenger“ (1873 до 1876 година) биле собрани првите примероци од седимент на длабочина од околу 8 километри, иако не може да се потврди дека тие седименти не потекнуваат од поплитки животни. Експедицијата „Princess Alice“ во 1901 година, успешно извлекла примероци од околу 6 км. длабочина.

Сепак, Шведската експедиција била таа која во 1948 г. успешно извлекла различни примероци од длабочина од околу 7 до 8 километри во ровот Порторико, со што дефинитивно било потврдено дека постои живот на длабочина поголема од 6 километри.

4. Колку е голема хадалната зона?

Хадалната зона се состои од серија неповрзани ровови и други длабоки точки. Во светот постојат 33 хадални ровови и 13 други длабоки места – вкупно 46 посебни хадални живеалишта. Средната длабочина во рововите е 8,260 км. Вкупната површина на хадалната зона е помалку од 0,2% од целокупното морско дно.

Од 33 хадални ровови, 26 (84%) се наоѓаат во Пацификот, 3 се пронајдени во Атлантикот (8%), 2 (4%) во Индискиот Океан, а 2 (4%) во Јужниот Океан. Мнозинството од рововите во сегашна форма се смета дека се формирале пред 65,5 милиони години за време на периодот Кенозоик.

3

5. Тајната на нашето постоење

Се чини дек Земјата е еднствена планета што има субдукциска зона и тектонски плочи. Меркур и нашата Месечина се тектонски мртви. На Марс тектонските активности престанале, а на Венера доминира дебела литосфера. На Земјата субдукциската зона ја создава континенталната кора, која може да се создаде од океаните (континентите).

Се шпекулира дека без субдукција, копното сѐ уште би било под вода, а животот на земјата, вклучувајќи ги и луѓето никогаш не би еволуирал.

6. Како изгледа длабочината?

Температурата на дното е ниска и варира помеѓу  1°C  и 4°C, додека хидростатскиот притисок линеарно се зголемува за една атмосфера на секои 10 метри длабочина. Според тоа, притисокот во хадалната зона варира помеѓу 600 и 1.100 атмосфери. Тоа значи дека притисокот на најдлабоката точка би бил како 1 тон тежина да ставите на  прстот.

7. Што живее во тие длабочини?

Во хадалните длабочини се откриени многу морски организми, а најчести групи се: многучетинестите црви, школките, полжавите, раковите и морските краставици. Сите овие групи се наоѓаат во длабочините на океанот, најчесто во колонии и спротивно на вообичаеното мислење, хадалната зона не е некое мистериозно место населено со морски чудовишта.

 

2

8. Но, постојат и страшни работи

Во 1970-тите години, ровот Порторико служел како место за исфрлање на фармацевтски отпад. За пет години биле исфрлени неверојатни 387.000 тони отпад, што е еднакво на 880 авиони Боинг 747. Покрај тоа, несреќната мисија Аполо 13 на Месечината во 1970 година носела радиоизотопен термоелектричен генератор (РТГ) кој требало да остане на Месечината заедно со лендерот. РТГ содржел 3,9 кг. плутониум-238 кој на крај бил исфрлен над југозападниот Пацифик, кадешто наводно преживеал и останал во ровот Тонга на длабочина помеѓу 6 и 9 км. Сега ќе остане таму радиоактивен уште илјадници години.

9. Земјотреси што го смениле времето

Во 2011 година, земјотресот во регионот Тохоку во Јапонија со јачина од 9.0 степени по Рихтер бил предизвикан од руптура во Јапонскиот ров. Во земјотресот и цунамито што следеле потоа погинале или исчезнале околу 20.000 луѓе, а биле погодени повеќе од 35 крајбрежни градови. Земјотресот бил проследен со 666 последователни удари кои надминувале 5.0 степени. Силината на енергијата која е вклучена во земјотресите со голема магнитуда што потекнуваат од рововите е огромна.

Во 2004 година, Суматранско-Андаманскиот земјотрес во ровот Јава предизвикал толку големо ослободување на енергија што влијаело на ротацијата на Земјата, а денот се скратил за 2,68 микросекунди. Земјотресот во Тохоку ја поместил оската на Земјата помеѓу 10 и 25 см што довело до уште едно скратување на денот за 1,8 микросекунди.

10. Колку длабоко е навистина длабоко?

Најчеста аналогија која се користи во науката за рововите е „Монт Еверест би влегол во Маријанскиот ров и би останала слободна уште една милја“. Тоа е точно, па затоа истражувањето на овие екстремни длабочини е многу проблематично.

4

Поддржете ја нашата работа: