Откриена нова планета која би можела да биде погодна за живот

Астрономите откриле нова планета која спаѓа меѓу малубројните небесни тела на кои може да се развие некаква форма на живот.

Оваа планета наречена „LHS 1140b“, орбитира околу ѕвезда во соѕвездието Кит, оддалено од Земјата 40 светлосни години.

Ова е највозбудливата егзопланета што сме ја виделе во последните децении. Не можевме да се надева дека ќе откриеме подобра цел во потрага по живот надвор од Земјата вели Џејсон Дитман од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан (Кембриџ, САД).

Ова не е првата „роднина“ на Замјата што ја откриле астрономите, но има многу предности. Планетата орбитира во зоната погодна за живот на својата ѕвезда, односно „на соодветна оддалеченост од неа, што би овозможило на површината да има вода во течна состојба“– додава Дитман.

Планетата има дијаметар 1,4 пати поголем од Земјата и шест пати поголема маса, а научниците утврдиле дека е карпеста, како и Земјата.

Научниците се надеваат дека има атмосфера.

Во потрага по вонземен живот, научниците бараат планети слични на Земјата. Во февруари оваа година беше соопштено откритието на седум такви планети, а на површините на три од нив е можно да има вода во течна состојба. Тие планети орбитираат околу џуџеста ѕвезда наречена „TRAPPIST-1“.

Новооткриената планета „LHS 1140b“, според научниците е на врвот на листата во потрагата по можни форми на вонземен живот.

Поддржете ја нашата работа: