Меѓународниот тим на научници ја искористил моќта на FOR2 инструментот на VLT (Very Large Telescope) на Европската Јужна Опсерваторија, со цел да ја истражат атмосферата на егзопланетата WASP-19b во детали, а притоа успеале да воочат титаниум оксид. Оваа способност нам ни кажува дека наскоро ќе можеме да ја проучуваме атмосферата на планетите.
WASP-19b е многу топла егзопланета, и е еден вид на „врел Јупитер“. Има иста маса како Јупитер, но затоа што е многу блиску до нејзината матична ѕвезда, ја завршува орбитата околу неа за 19 часа, што е причина за високата температура од околу 2000°C. Тимот открил траги од титаниум оксид, вода и натриум, како и доста расфрлан слој на маглина.
“Откривањето на таквите молекули не е едноставна задача”, вели Елјар Седагати од ЕСО во својата изјава. “Освен тоа што нам ни се потребни податоци за квалитет, мораме да поминеме и софистицирана анализа. Користевме алгоритам кој истражува милиони спектри кои опфаќаат хемиски состави, температура и својства на облаци и маглини, за конечно да ги изведеме своите заклучоци.”
Ова не е прва егзопланета на која е откриен титаниум оксид. WASP-121b, исто така го имаше тој елемент и се однесува како озонот кој има сличен ефект на атмосферата на Земјата, предизвикувајќи инверзија во стратосферата.

За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























