Откриена поврзаност помеѓу крвната група и ризикот од срцев удар

Иако студијата не се занимавала со истражување на механизмите кои ја создаваат врската помеѓу крвната група и ризикот од срцев удар, научниците ни нудат некои сугестии.

Лицата со крвна група 0, имаат помал ризик од срцев удар во однос на лицата со останатите крвни групи, велат научниците.

Водечкиот автор на студијата Тереза Коле од медицинскиот факултет во Холандија и нејзините колеги, тврдат дека резултатите од нивната студија сугерираат дека лекарите во иднина треба да ја разгледаат и крвната група заедно со факторите за развој на кардиоваскуларните болести.

Коле и нејзиниот тим, до заклучокот стигнале откако направиле мета-анализи на претходни студии за пациенти со кардиоваскуларните болести и нивните крвни групи. Во анализите биле вклучени повеќе од 1,3 милиони возрасни лица и девет различни студии.

Кога ги исфрлиле заедничките фактори кои доведуваат до развој на кардиоваскуларни болести, заклучиле дека лицата со крвна група 0, имаат девет отсто помал ризик од фатални последици на болеста за разлика од другите лица со останатите крвни групи.

Иако студијата не се занимавала со истражување на механизмите кои ја создаваат врската помеѓу крвната група и ризикот од срцев удар, научниците ни нудат некои сугестии.

На пример, лицата со крвни групи А, Б, АБ, имаат поголема концентрација на протеини за згрутчување на крвта. Дополнително, лицата во тие крвни групи, посебно А, склони се на повисоко ниво на холестерол во крвта.

Коле, сепак напоменува дека се потребни дополнителни истражувања за попрецизно да се утврди врската помеѓу крвните садови и зголемениот ризик од кардиоваскуларни болести.

Научниците ги претставиле своите резултати ги претставиле на годишниот состанок на Европското здружение на кардиолози во Париз.

 

Поддржете ја нашата работа: