Откриени детали од внатрешноста на Јупитер

Вселенското летало на НАСА Џуно (Junona), ги направи досега најдраматичните фотографии од Јупитер. Неговата внатрешност е откриена до неверојатни детали, како и турбуленциите кои се одвиваат по површината на планетата.

Истражувањето, објавено во списанието „Nature“, покажува дека на огромната гасна планета постојат атмосферските ветрови кои продираат длабоко во внатрешноста и траат неспоредливо подолго од ветровите и бурите на Земјата.

Јунона сними џиновски циклони на двата пола на Јупитер, кои се толку големи што ги покриваат половите на планетата и предизвикуваат атмосферски појави што не се стреќават на друго место во Сончевиот Систем.

Се случува џиновски циклон да биде опкружен од 5-6 помали бури со дијаметри од 5.600 до 7.000 километри кои ротираат околу него. Истражувањето на сондата е фокусирано на внатрешноста на Јупитер, неговото јадро и евентуално неговото потекло.

 „Јунона заврши само една третина од својот пат кон главната цел, и веќе гледаме сосем нов Јупитер“, вели Скот Болтон, лидер на проектот Јунона и професор на Југоисточниот истражувачки институт во Сан Антонио.

Галилео Галилеј ги забележа карактеристичните шари на Јупитер пред повеќе од 400 години. Досега ние имавме само површни сознанија за нив, и не бевме во можност да ги поврземе со атмосферските појави.

Следејќи ги мерењата на Јунона на гравитацијата на Јупитер, сега знаеме колку тие шари се длабоки, и од што се составени. Ова е како од дводимензионална фотографија да добиете тродимензионален приказ, и тоа во висока резолуција, објаснува истражувачот Јохаи Каспи од израелскиот Вајцман институт за наука, кој исто така е вклучен во мисијата.

 

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,232од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.