Научниците од Вселенскиот центар Џонсон на НАСА откриле нешто сосема неочекувано на кратерот на Марс. Со помош на роверот „Curiosity“ тие детектирале минерал наречен тридимит, за којшто досега се сметаше дека може да се создаде само на екстремно високи темпертури.
Откривањето на овој минерал сугерира дека е можно планетата некогаш да била многу потопла откоку што се мислеше претходно и дека на неа имало џиновски вулкани.
Научниците го откриле тридимитот со помош на посебен инструмент што се наоѓа на роверот кој користи Х-зраци за идентификција на кристалната структура на минералите.
На Земјата, тридимит се формира на екстремно високи температури при експлозивни процеси што се нарекуваат силикатни вулкани. Пример за ваков силикатен вулканизам е планината Сент Хеленс што претставува еден од најсмртоносните настани во американската историја.
Овие вулкани се формираат како резултат на тектониката на плочите. Плочите од површинскиот слој на Земјата се поместуваат кон подлабоките делови носејќи со себе вода. Тие се топат и формираат мешавина од стопени карпи или магма која насилно се пробива кон површината, каде што експлодира и се исфрла надвор. Оваа комбинација на висока концентрација на силициум и екстремно високите температури во овие вулкани го формира тридимитот.
Но, колку што е познато досега, Марс нема вода или подвижни плочи скриени под површината, а просечната температура на планетата е прилично ниска. Затоа се наметнува прашањето од каде доаѓа овој тридимит?
Тоа е следно што треба научниците да го откријат. За да го сторат тоа тие треба или да го променат нивното сфаќање за тоа како еволуирал Марс, или за тоа како се формира тридимит.
Следниот чекор, велат научниците, е да направат експерименти и подетално повторно да ги испитаат природните системи во потрага по докази за тридимит.
Што и да откријат, тоа од корен ќе го смени сегашното сфаќање за Црвената планета.
Текстот е објавен во „Business Insider“.