Откриени остатоци од римски град

Француските археолози, на брегот на реката Рона во Југоисточниот дел на Франција откриле исклучително наоѓалиште кои го нарекле “мала Помпеја”, каде пронашле сочувани остатоци од цели населби на античкиот град.

“Несомнено станува збор за најзначајно откритие на антички римски локалитети во последните 40 – 50 години. Имавме неверојатна среќа”, вели лидерот на археолошкото ископување Бенјамин Климент.

Ископани се римски вили и јавни објекти, а бројни предмети сеуште се наоѓаат онаму каде што жителите ги оставиле пред да избегаат од пожари.

Некои вили датираат од првиот век од нашата ера. Според првите сознанија, пред градот да биде напуштен поради низа пожари, бил населен пред цели 300 години.

“Пожарите кои се ределе еден по друг биле заслужни за “конзервирање” на наоѓалиштето кое како Помпеја во близина на Неапол, било закопано под пепел”, објаснува Климент.

Една од вилите е наречена Куќата на Баханалиите, со мозаична поворка на женски обожавателки на Бахус – римски бог на виното, кој во стара Грција бил познат како Дионис. Се верува дека станува збор за вила на богат трговец, бидејќи има мермерни плочки, големи градини и систем за водоснабдување.

Во друга вила е откриен мозаик со Талија, музата и заштитничката на комедијата, која ја киднапирал Пан, богот на сатирата. Локалитетот се наоѓа во предградието на Виена, јужно од Лион.

Виена е еден од водечките градски центри за време на владеењето на Јулиј Цезар и позната е по римскиот храм и театар.

Поддржете ја нашата работа: