Откриени седум нови планети слични на Земјата

Астрономите открија систем од седум планети со големина на Земјата кои кружат околу една ѕвезда која ни е релативно блиска и на која е можен живот, три се наоѓаат во зоната погодна за живот, подрачје околу матичната ѕвезда, класифицирана како ултрастудено џуџе, а најголема е веројатноста токму тие три да имаат и вода, клучна за живот.
Поради тоа што се наоѓаат надвор од нашиот сончев систем, овие планети се нарекуваат егзопланети – систем наречен „ТРАПИСТ-1“, според телескопот, а се наоѓаат во соѕвездието Водолија и се релативно блиску до нас. Оддалечени се од Земјата за околу 40 светлосни години.

Откритието е постигнато од страна на Spitzer Space Telescope-от на NASA, како и на уште неколку телескопи на Земјата, вклучувајќи го и TRAPPIST во Чиле.

Имињата на планетите им се дадени во однос на нивната оддалеченост од ѕвездата, па така најблиската е TRAPPIST-1b, па следат c,d,e,f,g и h, а истражувачите успеале да ги пресметаат масата, радиусот и орбиталните периоди на сите, со исклучок на 1h бидејќи од неа бил забележан само еден транзит околу матичната ѕвезда.


„Седумте чуда на системот „Трапист-1“ се први планети со слична големина на Земјата, за кои е откриено дека кружат околу овие видови ѕвезди. Мислам дека направивме клучен чекор кон откривањето дали има живот.Луѓето ќе добиваат се` повеќе вести за овој систем во наредниот период“
, вели Михаел Гилон, водечки истражувач од Универзитетот во Лиеж.

Имено, доколку не се пронајде жувот во близина на Трапист -1, би можел таму да се развие, а тоа е голема вест за потенцијалното населување на вонсоларните планети кои кружат околу други ѕвезди откако минатата година е објавено дека една таква веќе постои во системот на Проксима Кентаури.

Поддржете ја нашата работа: