Во музејот Манитоба во Канада е отворена изложба на диносауруси која привлекува големо внимание од јавноста. Имено, во музејот се изложени скелети од 20 диносауруси и роботи кои покажуваат некои аспекти од нивниот живот. Со притискање на одредено копче некои диносауруси уринираат, а некои испуштаат непријатни гасови.
Идејата за една ваква изложба ја дал “Дино” Дон Лесум, кој бил советник на Стивен Спилберг додека работел на Паркот Јура во 1993та година. На изложбата претставил некои од најголемите диносауруси на светот.
“Сакаме да го прикажеме секој аспект од животот на еден диносаурус”, вели Лесум.
Изложбата ја покажува и врската помеѓу напредниот теропод и денешните птици. Тој вели и дека неговите диносауруси не се само обични роботски диносауруси. На пример Protoceratops кој може да уринира, е направен посебно за оваа изложба. Со притискање на копче тој уринира во вир кој е обоен со жолта прехрамбена боја. Дилофосаурусот испушта гасови и произведува звуци кога минувачите поминуваат покрај него. Вработените во музејот вградуваат и мирисни патрони, па така кога некој го удри, тој испушта незгодни мириси.
Лесум го избрал овој музеј бидејќи е еден од ретките кој е доволно голем за таков вид на изложба во која е прикажан и огромниот Сауроподс и месојадот Тираносаурус Рекс. Роботскиот диносаурус Mamenchisaurus е долг 20 метри. Прикажани се и диносауруси од Северна Америка, Аргентина, Монголија, Кина и Европа.
Постојат многу теории за причината за изумирање на диносаурусите. Нивната доминација долга 170 милиони години најверојатно исчезнала поради последици од удар од метеор кој предизвикал бројни земјотреси и вулкански ерупции. Поради недостаток на светлина и големи количини на сулфур, многу растителни и животински видови не можеле да преживеат.
Освен научните податоци кои посетителите можат да ги добијат во овој музеј, тие исто така можат добро да се забавуваат.