Ова е синиот град во Мароко

СПОДЕЛИ

Дали некогаш сте слушнале за Шефшауен, кој е мал град во северниот дел на Мароко и целиот обоен во сино?


Сините ѕидови во овој град станале популарни благодарение на еврејските бегалци во 1930 година, кои верувале дека оваа боја ги симболизира небото и рајот. Многумина веруваат дека сината боја има и заштитна улога против комарци, но без разлика која е причината, сините ѕидови ги привлекуваат фотографите.

Градот може да се пофали со шпанска и маорска архитектура, а покрај доминантната сина боја, тука се и белите елементи во декорациите на скалите и разните објекти. Поради неговата специфичност Шефшауен е популарна туристичка дестинација.

Дискусија

Коментари