Најдобрите фотографии од архивата на НАСА

Минатата година, НАСА ја обележа 60 годишнината од нејзиното основање. Оваа година пак, слават 50 годишнина од слетувањето на Месечината. Издавачката куќа “Taschen” објави фотографии од архивата на НАСА. Албумот содржи 400 најдобри фотографии. Меѓу нив се наоѓаат и некои помалку познати кадри.

Накратко, во текот на годините, НАСА сфатила дека фотографиите се важен дел од пораката и дека луѓето на Земјата сакаат да видат што се случува “таму горе”.

Членовите на екипажот ги обезбедуваат авионите Х-15 по прелиминарниот лет. Матичниот брод Dotle B-52, кој се користи за лансирање на единствениот авион, прелетува во низок лет. X-15 имаше вкупно 199 летови во период од речиси 10 години (1959 – 1968). Постави неофицијални светски рекорди за брзина и височина:

Шведските Hasselblad камери се користени во неколку историски мисии на НАСА, вклучувајќи го и Аполо 11. На повеќето фотографии од таа мисија дури и го нема првиот човек на Месечината – Нил Армстронг. На нив скоро секаде се наоѓа Баз Олдрин. Причината е едноставна: Армстронг во најголемиот дел од времето го чува фотоапаратот:

Астронаутот Дејв Скот стои во отворот на командниот модул “Гамдроп”. Екипажот ги тестирал процедурите кои ги овозможуваат подоцнежните слетувања на Месечината:

Првата фотографија која на луѓето им даде нова космичка перспектива:

Отпечатокот од друг човек на Месечината, астронаутот Баз Олдрин. И оваа фотографија ја направил Нил Амстронг:

Астронаутот Едвард Х. Вајт II. во текот на мисијата Gemini 4. Тој бил првиот Американец кој на 3 јуни 1965 година излегол од вселенското летало и зачекорил во Вселената.

Фотографијата го прикажува полетувањето на леталото Gemini X. Лансирано е од комплексот 19 во Кејп Канаверал на 18 јули 1966 година:

Џејмс Вебб телескопот ќе биде многу помоќен од Хабл. Сепак, Хабл беше извор на безвременски фотографии. Првите фотографии, направени во 1990 година беа матни поради дефект:

Автопортрет на роверот Curiosity:

Поддржете ја нашата работа: