Ова се шестте земји со најдобар образовен систем во светот

6. Холандија

Образованието во Холандија се смета дека е со висок квалитет. Според извештајот на УНИЦЕФ за 2013 година, децата од Холандија се најсреќните во светот. Училиштата не задаваат премногу домашни задачи се до средно ниво, додека учениците пријавуваат мал притисок и стрес. Училиштата се поделени на верски и неутрални, со мал број на приватни школи.

5. Катар

Катар во голема мера вложува во подобрување на образованието како дел од проектот “Визија 2030”. Училиштата кои се финансирани од владата нудат бесплатно образование само за државјани на оваа земја, додека многу странски државјани обично своите деца ги праќаат во приватни школи.

4. САД

Во училишната 2016/17. година, САД беше домаќин на преку милион меѓународни студенти. Интернационалниот упис на студенти е зголемен во текот на изминатата деценија. Сега постојат двојно повеќе меѓународни студенти во САД отколку во осумдесетитте години од минатиот век.

3. Финска

Финска веќе рутински го надминува рангирањето на глобалниот образовен систем и е позната по тоа што нема никакви системи на ограничување – сите ученици, без оглед на способноста учат во исти паралелки. Како резултат, јазот меѓу најсилните и најслабите ученици е најмал во светот. Финските училишта исто така даваат релативно мали домашни задачи и имаат само еден задолжителен тест кој се прави на 16 години.

2. Сингапур

Сингапур се оценува доста високо во тестовите на Програмата за меѓународни студенти (PISA), која го мери и споредува влијанието на студентите во различни држави. Меѓутоа, училишниот систем на оваа држава е познат по тоа што ги става учениците под голем стрес уште во раните години.

1. Швајцарија

Само 5% од учениците посетуваат приватни училишта во Швајцарија. Лекциите се подучуваат на различни јазици во зависност од регионот каде живеат, а најчести се француски, германски и италијански. Од средно школо, учениците се раздвојуваат зависно од способноста.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,235од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.