Само 1 ден по целосниот карантин низ цела Италија, нашата влада преземува мерки. Во денешната седница на владата во 14:00 часот министерството за здравство ги прикажа своите заклучоци од нивниот состанок кој ги вклучи следните членови:
- Проф. Д-р Миле Босилковски – Претседател – Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје
- Прим. Д-р Александар Стојанов – Центар за јавно здравје Скопје
- Д-р Ирина Сотирова Бухова – ДСЗИ
- Д-р Лилјана Ристовска Деспотовски – ДСЗИ
- Д-р Кристина Ставридис – ЈЗУ “Институт за јавно здравје”
Владата гласаше и се согласи со барањата на министерството, меѓу кои:
Сите градинки, основни, средни и високи образовни институции да ја паузираат наставата за 14 дена почнувајќи од 11.03.2020.
Забрана за сите масовни собири и културни манифестации, и спортските настани да се одржуваат без публика.
Задолжителна самоизолација на лица кои доаѓаат од високо и средно ризични држави.
Забрана за извоз на медицинска опрема и машина.
Очекувајте дополнителни изјави и информации во текот на денот.
Поддржете ја нашата работа: