Запознајте ги пајаците што јадат риби (+ВИДЕО)

Овие пајаци ги има насекаде низ светот, освен на Антарктикот

Не им е лесно на малите риби. Под вода ги демнат грабливци, луѓето се обидуваат да ги уловат со јадици и над сето тоа  се чини дека уште еден вид им се нафрла одозгора.

Според податоците од една нова студија, пајаците во 8 од 109 пајаковидни фамилии во светот,можат да уловат и да изедат мала риба. Некои од нив можат да совладаат риба дури пет пати потешка од нив.

Овие пајаци ги има секаде низ светот, освен на Антарктикот

Најмалку 18 видови се забележани како ловат риби, меѓу кои „Dolomedes triton“ во Соединетите Американски Држави, „Pardosa pseudoannulata“ во Индија и „Dolomedes plantarius“ (great raft spiders) во Белика Британија.

Како го прават тоа

„Пајаците што јадат риби” живеат во слатките и топли води, сиромашни со кислород како што се барите и мочуриштата. Тука својот плен за храна го ловат „од нога”,наместо да ја користат својата мрежа. Некои од нив можат да пливаат, да ронат или да одат по површината на водата.

Со задните нозе, овие пајаци-семиакватици се закотвуваат на камен или некое растение, додека предните нозе им се положени на површината на водата. И најмало движење на водата или допир на нивните нозе ги поттикнува овие пајаци на напад. Во основа овие пајаци што јадат риба се грабливци и затоа напаѓаат скоро се што се движи. Најчесто нивна храна се инсектите што паѓаат во водата, но од време на време намерно напаѓаат поголеми животни како што се рибите.

Со својата уста ги боцкаат рибите при тоа вбризгувајќи  многу моќен неуротоксин- хемикалија која го напаѓа нервниот систем на пленот. Кога рибата е мртва, пајакот ја одвлекува на сува површина каде испушта хемикалија која го растопува телесното ткиво и така го прави лесно за јадење.

Неверојатно големи достигнувања

Во животинскиот свет, просечниот грабливец е 42 пати поголем од пленот што се обидува да го совлада. Некои од овие пајаци што јадат е риба се всушност помали од својот плен. Научниците шпекулираат дека на пример џиновски пајак – со тежина од 7 грама е способен да улови риба со тежина од 30 грама.

Вака обилен извор на храна може да биде исклучително важен кај женките во процесот на стварање на јајца или за пајаците кои не можат да дојдат до доволно инсекти за храна.

Едно е сепак сигурно; ова е уште една лоша вест за рибите.

Поддржете ја нашата работа: