Еве едно многу едноставно прашање, на коешто можеби никогаш не сте се сетиле – зошто огледалата ги превртуваат предметите хоризонтално, а не вертикално?
Или со други зборови, зошто, ако на пример, ја кренеме десната рака, нашиот лик во огледалото ја крева левата, а кога пак ќе ја кренеме раката нагоре, и во огледалото исто така е нагоре, а не надолу? Што всушност се случува?
Бидејќи нашите тела се симетрични, ние се доживуваме самите како да сме превртени лево или десно, а всушност сме превртени од напред кон позади, како на пр. ракавица која е превртена од внатре кон надвор. Сфативте? Погледнето го видеото за да ви стане појасно.
ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусијата на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.