Брокулата може да биде клучна во лекувањето на дијабетес, бидејќи една компонента на ова растение помага при намалување на шеќерот во крвта, вели новата студија. Научниците од Шведска установиле дека конзумирањето на брокулата може да помогне при лекување на дијабетес тип 2.
Многу луѓе со дијабетес имаат проблеми со постоечките методи за негово лекување. Метформинот, кој е лек за намалување на шеќерот, всушност може да ги оштети бубрезите и нивната функција.
Проф. Андерс Росенген од Универзитетот Лунд, Центарот за дијабетес во Шведска, вели дека една состојка од брокулата наречена сулфорафан, има многу малку нус појави и голем потенцијал да стане важен додаток за регулирање на дијабетес тип 2.
Шведските научници засега работат на тоа да направат екстракт од брокула кој ќе се произведува како функционална храна, односно храна која освен своите основни функции, има докажани здравствени предности кои го намалуваат ризикот од одредени хронични болести или има насочени корисни ефекти.
Тој екстракт ќе може да се препорачува како функционална храна на лицата кои имаат пред-дијабетес, односно шеќерот во крвта им е малку повисок од нормалниот, но не доволно висок за да се каже дека е дијабетес тип 2.
Росенген уште вели дека има многу намирници кои добро делуваат на дијабетесот, но сулфоранот цели кон навистина критичниот процес на болеста. Сулфоранот, како што вели оваа студија, објавена во Science Translational Medicine, има значаен ефект кај пациентите со прекумерна тежина, кај кои дијабетесот тип 2 е лошо регулиран.
Тој ја индуцира антиоксиданс реакцијата и ефикасно го намалува нивото на шеќерот. Во истражување на 97 пациенти со прекумерна тежина, кое траело 12 недели, е даван концентрат од брокула. Нивото на шеќерот драстично опаднало, за разлика од групата на која им е давано плацебо. Освен во брокулата, сулфоранот го има и во зелка и прокељ. Тој претходно е проучуван како средство за борба против карциномот.
Кога не јкадеме, црниот дроб произведува гликоза. Кога јадеме, производството на гликоза е запрено од инсулин. Најважната терапија за дијабетес тип 2 и натаму е промена на начинот во исхраната и физичка активност со земање на потребни лекови.