Пет работи за секојдневна употреба, развиени од НАСА

Уште од 1946 година, НАСА работи на развој, истражување, лиценцирање или обезбедување на технологии познати како „spin-off“, кои станале комерцијални или производи за секојдневна употреба. Во последните 40 години, НАСА е одговорна за повеќе од 2.000 вакви технологии, а има и годишна публикација со назив „Spinoff“, со извештаи за просечно 50 технологии секоја година. Досега овие технологии нашле свое место во областа на здравјето и медицината, рекреацијата, јавната безбедност, транспортот, животната средина и земјоделството, компјутерите и индустриската продуктивност.

Ви претставуваме кратка листа од тие производи за кои веројатно не сте знаеле дека се пронајдоци на НАСА

 

 

 

 

 

 

 

1. Збогатено вештачко млеко за бебиња

1

Во текот на 1980-тите, НАСА во соработка со корпорацијата Матрин Манети вршела тестирање на некои видови микроалги како извор на храна, кислород и за отстранување на отпадот за време на долгите вселенски летови. За време на истражувањата, научниците откриле многу работи во врска со микроалгите и сфатиле дека тие не се корисни само за астронаутите, туку и за луѓето на Земјта како хранливи суплементи. Омега 3-масните киселини кои се важен дел во суплементите, природно ги има во мајчиното млеко и се од суштинско значење за развојот на мозокот и видот кај бебињата. Денеска тие се составен дел на речиси 90 проценти од вештачкото млеко за бебињата што се продава во САД и во 65 проценти од млекото во останатите земји во светот. (извор)

2. Мемори пена

2

Мемори пената потекнува од 1966 година, кога НАСА склучила договор со воздухопловниот инженер Чарлс Јост да ги усоврши авионските седишта, како заштита од кршење и вибрации, како и да развие технологија за апсорпција на енергијата, за да се зголемат шансите за преживување. Јост создал „мемори“ пена што има извонредни високеластични својства, што му овозможуват на материјалот да апсорбира многу енергија и да му обезбеди на телото мека потпора. Денеска мемори пената покрај за седиштата во авионите се користи и во кацигите, велосипедите и тркачките автомобили за апсорпција на ударите, болничките кревети и многу друго. (извор)

3. Невидливи забни протези

3

Одделот за Напредни керамички истражувања и Карадин, заедно развиле тип на проѕирна керамика која се покажала многу корисна во полето на електрооптиката и за уредите за кои е потребна инфрацрвена топлина во системите за наведување на ракети, па дури и за уредите за ноќно гледање. Друга интересна примена на овој материјал е за невидливи ортодонтски протези за заби. Тие се естетски атрактивни, но и подеднакво цврсти и ефикасни како металните или пластичните. (извор)

4. Вселенско ќебе

4

Вселенското ќебе прв пат било развиено во 1964 година за американската вселенска програма, од страна на Центарот за вселенски летови Маршал на НАСА. Се состои од тенка пластична фолија, обложена со рефлектирачка метална материја. Одбива 97 проценти од топлотното зрачење и го намалува губењето на топлината на телото. Пред да се одвитка, ќебето е компактно и е составен дел во голем број опреми за прва помош и за кампување. (извор)

5. Стакло што не се гребе

5

Во 1980-тата година, двајца научници од Лабраторијата за реактивен погон (Jet Propulsion Laboratory) Џејмс Б. Стивенс и Чарлс Г. Милер, ги истражувале штетните ефекти на светлината во вселената и светлината што се емитува од ласерите и при заварувањето. Тие развиле технологија што го апсорбира штетното зрачење, ги штити очите и ги појачува боите. Оваа технологија се применува во кацигите за астронаутите, маските за заварување, очилата за сонце и скијачките очила. Облогите отпорни на гребење, што денес ги има на диоптриските очила и очилата а сонце, се исти како тие што се користат за визирите на кацигите за астронаутите и за пластичните мембрани во системите за прочистување на водата, развиени од истражувачкиот центар АМЕС. (извор)

Поддржете ја нашата работа: