Погледнете го слетувањето на приватната ракета „Фалкон 9“

Ракетата „Фалкон 9“ вчера успешно слетала на платформата на SpaceX, недалеку од платформата на НАСА од која е лансирана.

Ракетата, лансирана во 9,39 часот по локално време, понела во вселената товарно летало со околу 2,5 тони намирници и опрема за Меѓународната вселенска станица (ISS). Во само неколку минути роботската капсула „Драгон“, се одвоила од ракетата „Фалкон 9“, и се упатила кон ISS за да го испорача товарот.

Најинтересен дел од вчерашниот лет се однесува на успешното слетување на првата фаза на ракетата. Имено, досега, само неколку пати во историјата е успешно изведено слетувањето на ракетата, а снимката со дрон јасно покажува неверојатна сцена на вертикално слетување.

На тој начин се постичнуваат драматични заштеди. Претседателот на „СпејсИкс“, проценува дека повторното користење на првата фаза од ракетата го намалува трошокот на лансирање за дури 30 отсто.

Поддржете ја нашата работа: