Погледнете како изгледа кружно виножито од 360 степени

Многумина од нас се сметаат за среќни ако видат „обично“ виножито во форма на лак, но како би се чувствувале ако видите целосно кружно виножито од 360 степени?

Оваа неверојатна појава е снимена од страна на Британецот Берни Велч од Портсмунд, на јужниот брег на Англија, кој бил сведок на оваа ретка глетка благодарение на неговата локација – тој стоел на платформата за набљудување на 170-метарската кула Emirates Spinnaker Tower“.

И покрај тоа што многу ретко гледаме вакви виножита, условите за нивното формирање се сосема исти како и за обичните виножита. Обично кога ги гледаме виножитата, ги гледаме од земјата, што значи дека кружните виножита се само прашање на перспективата.

https://www.youtube.com/watch?v=sxkjRbb45kY

Се разбира, виножитата какви што ги гледаме не постојат во физичка форма. Тие се всушност оптичка илузија предизвикана од страна на белата светлина која се прекршува низ малите сфери на влага во атмосферата, како што е на пример дождот.

Оваа илузија е видлива за човековото око само под одредени услови – кога се наоѓате спротивно од сонцето, свртени кон водените капки и потоа ќе ја смените перспективата за 42 степени на страна.

Во оваа позиција, различните бранови должини на светлината се прекршуваат од водените капки под малку различни агли, што ние ги гледаме како криви линии во различна боја.

Доколку се наоѓате на соодветна надморска височина, можно е оваа илузија да се појави под и над вас.

Погледнете ја и оваа снимка која го покажува истиот феномен на кружно виножито за време на спуштање со падобран.

Погледнете го и ова спектакуларно видео на кружно виножито од 360 степени, направено од дрон и уживајте!

Поддржете ја нашата работа: