Природен феномен – Бело виножито

Овој прекрасен природен феномен – што може да го видите на сликата погоре, се нарекува  бело или магливо виножито. Како и „обичното“ виножито се јавува кога сончевите зраци се прекршуваат низ малите водени капки во атмосферата, но бидејќи капките од маглата се помали од водените капки, боите не се забележуваат.

Како што објаснува НАСА, лакот од магла се формира од капките кои под вистински агол ја преусмеруваат светлината назад кон вашето око. Со оглед на тоа дека капките се однесуваат како мали призми кои ги продуцираат боите на виножитото, капките од маглата – кои може да бидат стотина пати помали, ја обработуваат светлината на поинаков начин.

Главната разлика е во дифракцијата што ја предизвикува маглата, каде светлината повеќе се расфрла отколку што се рефлектира, оставајќи го само најсветлиот дел – белиот лак.

Истиот процес предизвикува лакот од магла да биде поширок по форма од виножитото, иако во целина не е толку голем.

26107252084_8059fde328_k

 

За да се формира совршен лак од магла, потребно е маглата да биде релативно дифузна и ретка, што ќе овозможи светлината да поминува низ капките.

Веројатно една од најубавите слики од бело виножито беше направена минатата недела, во Ренох Мур во Шкотска, од страна на фотографот Мелвин Николсон. (сликата долу).

0c5a3687-1

Покрај бело виножито, постојат и други, помалку познати слични природни феномени.

Така на пример глорија се создава од сончевата светлина и капките во роса или облаци, каде интезитетот на боите е некаде помеѓу виножито и белиот лак.

Постои и месечево виножито, кое се создава од месечевата светлина, наместо од сончевата. Водените капки се со иста големина како кај виножитото, но бидејќи изворот на светлина е послаб, боите се многу побледи и често изгледа бело, слично како лакот од магла.

Минатата недела во Велика Британија исто така беше снимено ретко кружно виножито.

Прочитајте повеќе на Енаука.мк: Погледнете како изгледа кружно виножито од 360 степени.

Поддржете ја нашата работа: