Лари Пејџ, еден од основачите на Гугл кој го финансираше фомирањето на компанјата „Kitty Hawk“, која ќе произведува „летечки втомобили“.
Сега компанијата го објави првото видео од своето прототип летало. Компанијата го опишува возилото наречено „Kitty Hawk Flyer“, како „целосно електрично летало“, дизајнирано да лебди над вода, а на возачите не им е потребна дозвола за управување со него.
Се очекува првата комерцијалната верзија на леталото да биде достапна до крајот на оваа година.
Управата за цивилно воздухопловство на САД , ова летало го смета за „ултра лесно“, поради што не е потребна дозвола за негово користење.
Цената на „Kitty Hawk Flyer“ сѐ уште не се открива, а компанијата истакнува дека за сега нема планови леталото да го продава надвор од Америка.
Погледнете го видеото