Холандската компанија PAL-V уште во 2012 година претстави прототип на летечки автомобил, а 5 години подоцна ќе им ја понуди на купувачите првата сериска верзија на ова извонредно летало.
Компанијата PAL-V која го разви летечкиот автомобил Liberty, тврди дека нивното возило е подготвено за употреба, ускладено со безбедносните прописи на патниот и воздушниот сообраќај.
Првично во понудата, серијата Pioneer Editions ќе се најде во лимитирано издание од 90 примероци, кои ќе се продаваат по цена од 600.000 долари. Подоцна во продажба ќе биде вклучен и базичен модел, PAL-V Liberty Sport, кој ќе може да се набави за “скромни” 400.000 долари.
Леталото Liberty повеќе потсетува на хеликоптер, отколку на класичен авион. Сепак, за разлика од хеликоптерот, не може да полета вертикално, но му е доволна многу кратка писта за полетување, што од таа страна е многу практичен.
Освен тоа, со автомобилот е многу полесно да се управува, отколку со хеликоптер. За негово управување, идните сопственици мораат покрај возачка да поседуваат и дозвола за летање со жироплан, која се добива после 30 до 40 часовна обука.
Призводителот вели дека за модификација на леталото од конфигурација на жироплан во автомобил е потребно 5 до 10 минути. Кога ќе се најде на пат, Liberty може да се движи со брзина до 160км/ч. Летечките автомобили ќе се изработуваат во Холандија, а се предвидува дека главниот пазар ќе биде Северна Америка.
Погледнете го видеото: