Сонот на основачот на “Гугл” наскоро ќе стане реалност

Незапирливата природа на технологијата е толку радикална, што понекогаш ни се чини дека ништо повеќе не е невозможно, а некои работи кои беа резервирани само за научно-фантастичните филмови и книги, наскоро ќе станат секојдневие кое никој нема да го смета за револуционерно.

За големите новитети и промени на пазарот читаме веќе подолго време, а во текот на идните години го очекуваме нивниот врв. Тогаш автономните возила ќе станат рамноправни учесници во сообраќајот, додека над глава ќе ни летаат автономни такси.

Оваа недела е направен голем чекор кон комерцијализацијата на летачките такси, кои во иднина би можеле да го сменат начинот на кој воопшто користиме такси. Имено, од компанијата на Kitty Hawk објавуваат дека започнале со процесот на добивање регуларни дозволи во Нов Зеланд, кои ќе им овозможат отпочнување со сервисот за превоз на луѓе со автономни летачки такси возила.

Иако и некои други компании експериментираат со летечки автомобили и такси, компанијата Kitty Hawk е важна од две причин – прво станува збор за компанија во која финансиски средства има вложено основачот на “Гугл” Лари Пејџ, на кој ваквите такси возила се негов сон од детството, а управувана е од страна на Себастијан Трун, кој во “Гугл” бил задолжен за развој на автономните автомобили, а втора причина е затоа што нивното возило “Cora” кое е комбинација од мал авион и дрон, може вертикално да полета и слета.

Благодарение на оваа опција за полетување и слетување, не е потребна посебна писта, ниту пак аеродром, така што луѓето можат да полетуваат, на пример од нивниот двор до кров на некоја зграда и слично.

Ова електрично летачко возило има 12 ротори, максимална брзина поголема од 150 km/h, опсег од околу 100 километри и може да достигне висина поголема од 900 метри, а неговата најважна опција ќе биде автономноста така што на двајцата патници во него нема да им требаат никакви пилотски дозволи, туку се ќе се остави на компјутер. Во случај нешто да не е во ред, Cora доаѓа со падобрани.

Заедно со разбојот на самото летечко такси, Кити Хок развива и апликација и технологија која на луѓето ќе им овозможи повик на вакви возила на сличен начин на кој денес се повикува Uber.

Времето ќе покаже дали Лари Пејџ и неговиот тим ќе успеат во својот план и ќе претстават ваков сервис во рок од три години како што најавуваат, но дури и ако тоа не се случи во 2021 година, кога-тогаш летечките такси ќе станат нормална сцена над нашите глави, и заедно со автономните автомобили во целост ќе го сменат денешниот пазар.

Поддржете ја нашата работа: