Со помош на магнетна резонанца може да се предвиди аутизам

Лекарите не можат да знаат кое бебе за некоја година ќе развие аутизам, но затоа е тука магнетната резонанца.

Со користење на магнетна резонанца кај доенчиња кои имаат постари браќа и сестри со аутизам, истражувачите биле во состојба исправно да предвидат дури осумдесет отсто од децата кои ќе исполнуваат критериуми за аутизам на возраст од две години. Поедноставно кажано, одредена област на мозокот кај деца на кои подоцна е дијагностициран аутизам, растела побрзо во периодот од 12 до 24 месечна возраст, за разлика од децата кај кој подоцна не е дијагностициран.

Симптоми на аутизам може да се покажат измеѓу втората и треата година кај децата, а оваа студија, првично објавена во списанието Nature, упатува на можност да се предвиди иден аутизам и пред самата појава на симптоми. Овој вреден истражувачки проект, во своето истражување вклучил многу деца од САД, и е воден на многу универзитети под водство на Д-р. Џосеф Пивен од Северна Каролина.

Од тука ќе следува уште еден проект во кој целта на истражувачите е да привлечат повеќе заинтересираност за учество во него, за да се реплицираат овие резултати. Тоа што ваквите проекти се водат во САД не треба да не чуди бидејќи, таму од аутизам е погодено едно од 68 деца според проценките. За децата со повозрасни браќа и сестри, ризикот за аутизам е поголем.

Истражувачите користеле магнетна резонанца за да добијат резултати од мозокот, заедно со софистицирани компјутерски алгоритми, кои биле подесувани на посебни групи. Д-р. Пивен истакнува дека откривањето на биомаркерите е од исклучителна важност за условите на аутизам пред дијагнозата поради можните превентивни напори. Кога аутизмот се дијагностицира во втората или третата година од животот, тогаш мозокот е веќе значително изменет.

Да се надеваме дека втората студија ќе ја потврди точноста на првата и дека ќе им овозможи на истражувачите тестирање и развој на евентуална превенција, која засега не е возможна.

Поддржете ја нашата работа: