Пред да замине во Вселената, американскиот астронаут Скот Кели имал иста ДНК структура како и неговиот брат близнак Марк, кој останал на Земјата. Меѓутоа, тоа повеќе не е така.
Истражувањата на НАСА посочуваат дека дури седум отсто од ДНК-та на Скот „неочекувано се измениле” по неговиот едногодишен престој на Меѓународната вселенска станица.
– Кој би рекол!? Ова можеби се и добри вести! Веќе не морам да го нарекувам својот брат „идентична копија”, се пошегува астронаутот.
НАСА наведува дека 340-дневниот престој во Вселената најверојатно кај Кели го активирал она што научниците го нарекуваат „вселенски гени”.
– Физичкиот стрес кој телото го доживува при патување во Вселената може да доведе до промени во РНК-та и ДНК-та.
Тие процеси може да значат и промени во молекуларната структура, на пример, во мастите и протеините, што пак, доведува до распаѓање на клетките. Тоа ги активира или исклучува гените, со што доаѓа до промени и во функциите на клетките, се вели во соопштениието на НАСА.
Научниците натаму истакнуваат и дека овие долготрајни промени во имунолошкиот систем на Скот Кели, влијаат во обновувањето на неговата ДНК, во системот на создавање на коскеното ткиво, како и на специфичната состојба на понизок кислороден и повисок јаглероден притисок во телото.