Приборот за јадење направен специјално за нацистичкиот лидер Адолф Хитлер е продаден на аукција за 14 220 евра.
Приборот е пронајден за време на чистењето на една куќа во Дорсет, Англија, а му припаѓал на воено лице од висок ранг.
Приборот е сочинет од два ножа, три лажици и три вилушки направени за 50. роденден на Хитлер.
Во Велика Британија не е забрането да се продаваат предмети поврзани со нацизмот, но сепак повеќето ги сметаат ваквите аукции за невкусни.
Поддржете ја нашата работа: