Пристигнува апликација која ќе ги запишува вашите телефонски разговори

Поранешните вработени во Google и Nuance дизајнираа и понудија бесплатна услуга која речиси веднаш го претвора говорот во текст со помош на вештачка интелигенција.

Otter, делото на стартапот AISense, е апликација која вашиот говор го претвора во дигитално запишан текст во реално време. Притоа се потпира на алгоритми за препознавање на говор развиени за дигитални помошници како што се Siri, Alexa, Google Assistant, како и на алгоритми за синтетички говор како DeepMind на Google.

Овие алгоритми значително напредуваа во текот на последните неколку години. Многу се попрецизни благодарение меѓу другото на роботиката и другите технологии на вештачката интелигенција.

Откако ќе ја инсталирате Otter апликацијата, ќе ви биде побарано да снимите пократко и подолго видео, кое може да го направите со одбирање на сликата со микрофон во апликацијата. Тие видеа ќе направат идентификација на вашиот глас по кој Otter ќе може да ве препознава.

Зошто апликацијата треба да го препознава вашиот глас? Додека го запишува вашиот разговор треба да знае кои сте вие, а кој е вашиот соговорник за да може во текстот да ве означи, а истиот се појавува веднаш откако изговарате збор. Белешките може да се пребаруваат и споделуваат.

Апликацијата засега е достапна замо за Android и iOS.

 

Поддржете ја нашата работа: