Пред неколку дена на Јутјуб (YouTube) се појави видео каде што се презентира како со помош на антички методи може да се произведе електрична енергија која може да се употреби за генерирање на светлина.
Иако би сакале да се заитересирате за технологијата и сами да експериментирате (тука сме да ги објавиме вашите експерименти), сепак наша задача е малку подетално да ви објасниме што можете да очекувате од ваквите уреди и колку енергија реално тие можат да произведат.
Како што можевте да видите, уредот ја претвора потенцијалната енергија на тегот во механичка притоа задвижувајќи го електричниот генератор кој генерира електрична енергија со која се напојува ЛЕД светилката.
Енергија што може да се произведе со тегот може да се пресмета на следниов начин:
Масата на тегот (кг) помножена со 9,8 ( земјино забрзување ) помножена со висината на која што е подигнат тегот од земја (метар) или Ep=M*G*H и се добива вредност во џули.
Иако повеќето од нас не интересира што значи тоа во KW/h за да се добие таа вредност треба Еp да се подели со 3600000
Пример: Ако масата на тегот е 20 кг и е подигнат на висина од 2 метри тој ќе генерира 20*9.8*2/3600000= 0,00011 KW/h или 0,11 W/h ова значи дека ако уклучиме ЛЕД светилка со моќност од 1 W таа ќе може да свети само околу 5 минути, а доколку е 5W само 1 минута.
Ова иако изгледа многу малку, сепак за некои рурални средини 1W ЛЕД значи рефлектор тој произведува светлина со јачина од 400 до преку 1000 свеќи (40 – 100 лумени) во зависно од квалитетот на ЛЕД-от.
Значи ако со уредот што го земавме за пример сакаме да добиеме светлина еднаква на 20 свеќи, ќе можеме со едно подигнување на тегот да имаме светло од 2 до 3 часа што и не е толку лошо нели?