Во блиска иднина вашиот автомобил ќе може домот да ви го напојува со електрична енергија. Барем така тврдат инженерите од јапонската фабрика за автомобили – „Мицубиши“.
Станува збор за комплекс составен од соларна платформа што опфаќа голема батерија за домаќинство, полнач и соларни панели. Па така, преку ден, кога има сончева светлина, домот и автомобилот истовремено се полнат, а ако корисникот остане без струја од електричната мрежа, во домот ќе може да се користи резервата од батеријата сместена во хибридниот автомобил.
Поддржете ја нашата работа: