Меѓународниот тим на археолози кои го истражуваат познатиот брод Антикитера во Егејското Море во близина на брегот на Грција, откриле остатоци од човечки скелет стар 2.100 години.
Доколку успеат да извлечат ДНК од коските, ќе можеме да разбереме многу повеќе за патниците на бродот кој потонал околу 65-тата г. п.н.е. и ќе ни овозможи значаен увид на мистериозниот механизам кој што го пренесувал, подобро познат како првиот компјутер во светот.
Доколку не сте запознаени, бродот Антикитера – кој првично бил откриен од страна на нуркачи во 1900-тата година – е најголемиот антички брод кој досега е пронајден.
Во текот на првите ископувања на нуркачите, пронајдени се многу мермерни статуи и илјадници други артефакти погодни за на море, меѓу кои бил пронајден и „механизмот Антикитера“, уред сличен на часовник којшто можеби се употребувал за предвидување на астрономски настани и широко е познат како првиот аналоген комјутер во светот.
Истражувачите го датирале уредот за 100-тата или 150-тата г. п.н.е. што значи дека откако бродот потонал не се појавила слична технологија во светот, се до 14 –тиот век, што го прави уредот уште пофасцинантен.
Во 1976 – тата година, познатиот истражувач на океанот Жак Ив Кустос и неговиот екипаж, се вратиле по остатоците кои останале недопрени речиси 80 години. Тие откриле околу 300 објекти, меѓу кои и остатоци од скелет, иако ДНК технологијата не била достапна во тоа време за целосно да се анализираат.
Сега, нов тим составен од истражувачи од „WHOI“ и Министерството за култура и спорт на Грција, откриле нови остатоци под фрагменти од керамика, и овојпат тие се надеваат дека ќе дознаат кои биле патниците на несреќниот број, од каде доаѓале и каде би можеле да бидат упатени.
Новооткриените остатоци биле повлечени од морето на 31-ви август и откако ќе бидат ослободени од Грчката влада, тие ќе бидат испратени на истражувачите од Природонаучниот музеј на Данска во Копенхаген, за понатамошни анализи.
„Коските успеале да преживеат 2.000 години на дното на морето, и се чини дека се во прилично добра состојба. Тоа е неверојатно!“ – изјавува Ханес Шредер, експерт за ДНК од Природонаучниот музеј на Данска.
Во прилог на пронаоѓањето на овие неверојатни остатоци, археолозите започнале да користат и 3Д снимки за веднаш да ги споделат своите откритија со другите истражувачи, и со јавноста исто така, без да мора претходно да ги повлечат на површината.
Се’ уште нема објавено никакви извештаи за новите пронајдоци, но претпоставуваме дека ќе се воздржат од пишување се додека не ги добијат резултатите од ДНК анализите.
Сепак, не постои гаранција дека секвенционирањето на ДНК ќе успее на скелет од оваа возраст – особено кој бил на дното на морето толку долго време – но доколку успее, можеби конечно ќе имаме информации за еден од најстарите, најголемите и најмистериозните бродови кои некогаш се пронајдени.