Хемичари од Универзитетот на Калифорнија во Риверсајд, измислиле материјал за екрани на паметни мобилни уреди кој самиот ги елиминира гребнатините.
Главниот истражувач Чао Ванг, со својот тим на научници поминал неколку тестирања на тој материјал, вклучувајќи ја и неговата способност да се поправи самиот од себе во случај на гребнатини и останати оштетувања. Кога научниците го преполовиле, тој автоматски повторно се споил во рок од 24 часа.
Овој материјал е направен од растеглив полимер и јонски соли, а може да се развлекува постигнувајќи големина до 50 пати поголема од првичната. Во него настануваат посебни врски – јонско-диполна интеракција помеѓу збиените јони и поларни молекули. Во случај материјалот да се изгребе или скрши, јоните и молекулите почнуваат да го привлекуваат за да го зацелат материјалот.
Ванг вели дека во овој случај, научниците за прв пат измислиле материјал кој може себе си да се поправа и во исто време да спроведува струја, што е посебно корисно кога станува збор за екрани на паметни телефони и батерии.
Некои паметни телефони од брендот ЛГ веќе имаат таков материјал на задниот дел од уредот кој може да ги елиминира гребнатините, но тој не спроведува струја, па производителите не можат да го користат за подготовка на екран. Под екранот на многу уреди се наоѓаат многубројни електроди и кога го допрете со прст, се создава струјно коло кое му дава наредби на уредот.
Ванг предвидува дека тој материјал ќе се користи за производство на паметни телефони и батерии до 2020 година, и дека значително ќе го промени нашиот секојдневен живот, бидејќи паметните телефони ќе имаат многу подобра функција од денешните.