Мастило за тетоважа што исчезнува за една година

Една нова стартап компанија со име „Ephemeral“, што ја сочинуваат дипломирани студенти од Њујорк, развила специјално мастило за тетовирање што исчезнува по само една година.

Всушност, после една година тетоважата почнува да бледнее, со што се отвора можност да се адаптира оригиналниот дизајн или едноставно да се ослободите од неа. Покрај тоа, не е потребна специјална опрема, односно мастилото може да се користи со постоечката опрема за тетовирање.

Како што објаснува „TechCrunch“, стандардните тетоважи остануваат трајни бидејќи молекулите од боите што се користат се многу големи за да може имуниот систем на телото да ги отстрани.

Новото мастило на „Ephemeral“ користи помали молекули кои можат да се „исфрлат надвор“ со помош на специјален растворувач кој се тетовира преку привремената тетоважа после една година од тетовирањето.

Досега, единствен начин за отстранување на тетоважите беше со ласерска интервенција, што претставува болна, долга и скапа процедура. Во основа, ласерското отстранување функционира на тој начин што ги ситни молекулите од бојата што се заробени во кожата, што му овозможува на телото да ги отстрани и да ги исфрли преку изметот. (Целиот процес  на отстранување може да се види на видеото подолу)

Во 2015 година, на еден натпревар на претприемачи одржан од Универзитетот во Њујорк, компанијата добила финансиски средства во износ од 200.000 долари за развој на мастилото.

Во моментов, компанијата го тестира производот на свињи, поради нивната биолошка сличност со човекот, па останува да видиме какви ќе бидат резултатите.

Поддржете ја нашата работа: