Научниците во североисточна Шпанија на Пиринеите најдоа отпечаток од стапало што му припаѓа на непознат вид на влекач. Се верува дека животното било долг 0,5 метри и дека е предок на крокодилите и диносаурусите.
Овој влекач веројатно живеел во период кога на Земјата се опоравувала од масовно изумирање на многу видови на животни. Научниците се надеваат дека со помош на ова откритие може подобро да се разбере како видовите еволуирале во такви тешки услови.
Пронајдени отпечатоци се наоѓале помеѓу други отпечатоци од предци на денешните крокодили. Тие беа големи околу половина метар, а неколку од нив биле поголеми и од 3 метри. Експертите од Автономниот универзитет во Барселона и каталонскиот Институт за палеонтологија веруваат дека овој вид на влекач личи на крокодил, но со пошироки нозе. Отпечатоци можело да остави само животното, кое се движело на сите четири нозе, и кое често оставало траги зад неговата опашка. Влекачот живеел на речните области.
Пред 250 милиони години, нашата планета била потполно различна. Континентите биле групирани во еден супер континент познат под името Пангеа. Владеела голема суша поради недостаток на врнежи. Животните масовно изумирале како на копното така и во океаните.
Повеќе од 90% од видовите исчезнале. Бидејќи ова откритие е многу важно и може да им обезбеди на научниците многу информации за еволуцијата, тие ќе продолжат да истражуваат и ќе се обидат да најдат коски од овие древни животни кои би можеле да се наоѓаат во истата област.