Пронајдена украдената статуа на Афродита, стара 2000 години

Грчката полиција соопшти дека ја пронашла 2000 години старата статуа на античката богиња на љубовта, Афродита, која беше украдена заедно со голем број на антиквитети од островот Санторини.

Еден маж кој наводно се обидел да продаде висока мермерна статуа од 80 сантиметри, е уапсен во вторникот во близина на Лутраки, на југот од Грција.

Двајца Грци се идентификувани како можни соучесници, велат од AP.

Оваа година се уапсени ноќниот чувар и уште еден човек, поради кражба на складиште на Санторини. Од тогаш, пронајдени се дваесеттина антиквитети, но не е познато колку вкупно се украдени.