Во Египет пронајдена статуа на сфинга, стара два милениума

Археолозите во Египет пронајдоа статуа на сфинга кај храмот во Ком Омбo, велат египетските власти.

Сфингата била пронајдена додека се извршувале тековните работи околу заштитата на храмот од подземни води.

Храмот се наоѓа на околу 40 километри северно од Асуан.

Генералниот секретар на египетското Министерство за антиквитети, Мустафа Вазири, вели дека статуата со тело на лав и човечка глава е од периодот на Птоломејското Царство.

При извршување на тековни слични работи во храмот Ком Омбо, археолозите порано оваа година пронајдоа и биста на римскиот император Марк Аурелие.

Египетските власти се надеваат дека ваквите откритија ќе придонесат за туризмот во Египет, кој е загрозен од политичките превирања по востанието во 2011 година.

 

Поддржете ја нашата работа: