Во индиската држава Гуџарат завршена е изградбата на највисоката статуа на светот, која е двојно повисока од Статуата на слободата во Њујорк (93 метри), а се подига во чест на лидерот на борбата за независност Сардар Валабхбаи Пател, еден од следбениците на Ганди.
„Со висина од 182 метри, статуата е симбол на интегритетот и решителноста на Индија“, изјави индискиот премиер Нарендра Мори, додека од воени хеликоптери биле фрлани цвеќиња врз неа.
“Статуата на единството” чини 355 милиони евра, а трошоците предизвикале незадоволство кај мештаните. Наскоро во близина на градот Мумбаи во Индија треба да биде завршена една уште повисока статуа од 190 метри.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.


























