Пронајдени стапалки од диносаурус во Шкотска

СПОДЕЛИ

Калливата лагуна на Шкотскиот остров открива траги од “изгубеното време” – коментираат научниците кои во вторникот објавија откритие од околу десетина стапалки од диносаурус на истата локација.

Отпечатоците од стапалки се стари околу 170 милиони години. Откриени се на североистокот од островот Skye во Шкотска.

“Повеќето отпечатоци припаѓаат на долговрати сауроподи, кои биле високи до два метри, а подеднакво големите тераподи, кои се сметаат за постари роднини на тираносаурус рекс, се вели во изјавата на Универзитетот Едисон.

One of the footprints found by researchers.Научниците од тој универзитет пронашле околу 50 стапалки на тоа место и ги сметаат за откритие од глобална важност за разбирањето на периодот Јура.

Во трудот, објавен во списанието Scottish Journal of Geology се вели дека стапалките покажуваат дека некогаш во тој дел живееле сауроподи за многу подолг период отколку што порано се мислеше.

Сауроподите биле најголеми помеѓу диносаурусите и претежно се хранеле со растенија. Тераподите пак биле малку помали и месојади.

“Колку повеќе го истражувавме островот Skye, откривавме повеќе стапки”, вели палеонтологот Steve Brusatte.

“Забележавме два вида диносауруси – долговратести роднини на бронтосаурус и роднини на T. рекс со шилести заби. Тие заедно живееле околу оваа плитка лагуна, во време кога Шкотска била многу потопла од денес” – додава Brusatte.

Brother's Point in the Isle of Skye, where the discovery was made.

Дискусија

Коментари