Пронајдено писмото на Галилео Галилеј: Како научникот пробал да избегне инквизиција

Дали Галилео Галилеј навистина ги кажал сите оние ужасни работи во неговото славно писмо за Сончевиот систем од 1613 година, кршејќи ја црковната доктрина? Или Католичката црква ги сменила неговите зборови за да може полесно да го прогласи за еретик?

Долго време изгубеното писмо, кое неодамна се појави во библиотечната архива во Велика Британија, конечно може да одговори на овие прашања.

Според Галилео, кога инквизиторските власти објавиле копија од неговото писмо како доказ за ерес, зборовите му биле сменети за да бидат навредливи. Галилео дури и приложил уште една копија од писмото за да докаже дека се било наместено.

Сепак, неодамна пронајдениот документ покажува дека приказната има и друга страна.

Пронајдено во библиотеката на Кралското друштво од страна на историчари од Италија во текот на минатиот месец, новооткриеното писмо собирало прашина со векови откако било заведено со погрешен датум. Изгледа дека е пронајден оригиналниот нацрт на писмото испратено од Галилео до неговиот пријател Бенедикт Кастел во 1613 година, и потпишано со иницијали Г.Г.

Во писмото, Галилео ја обвинува интерпретацијата на Католичката црква за астрономијата. Овие аргументи биле користени против него кога инквизицијата го довела на суд и го осудила во 1633 година.

Втората верзија на документот содржи бројни корекции, како што е обидот да се намали острината на јазикот што можела да се смета за еретичка. Зборовите кои Галилео изворно ги напишал силно ја критикувале црквата. Подоцна овие зборови се прецртани и изменети, нагласувајќи дека лично Галилеј ги променил, така што неговите изјави да не бидат толку навредливи пред очите на црквата.

На пример, еден дел од писмото наведува одредени библиски тврдења како “лажни“, описот подоцна е прешкртан и дополнет со зборовите “изгледаат различно од вистината“.

Доколку документот е таков каков што се чини, изворниот избор на зборови на Галилео е многу понеприфатлив од верзијата која била испратена во Ватикан. Сепак, Галилео тврдел дека писмото што го користела инквизицијата звучи како критика бидејќи црквата ги сменила зборовите во писмото. Во писмо испратено до неговиот пријател Пиеро Дини во 1615 година, Галилео тврди дека документот што го користела црквата бил измама.

Галилео во 1633 година бил осуден за ерес. Му била изречена затворска казна, а подоцна бил префрлен во домашен притвор, каде што живеел уште девет години до крајот на својот живот.

 

Поддржете ја нашата работа: