Рачно напишаното писмо на Алберт Ајнштајн во кое тој предупредува на зголемувањето на национализам и антисемитизм во Германија во 20-те години од минатиот век, беше продадено на аукција во Израел за скоро 40.000 долари.
Ајнштајн и пишувал писмо на својата сестра кога почнал да се крие откако десничарските екстремисти го убиле министерот за надворешни работи во Германија Валтер Ратенау. Полицијата го предупредила научникот дека и неговиот живот се наоѓа во опасност.
Потоа тој избегал од Берлин и се сокрил во северна Германија. Тогаш и напишал писмо на својата помлада сестра, предупредувајќи ја на опасноста од растечкиот национализам и антисемитизм, неколку години пред нацистите да дојдат на власт, кога бил приморан засекогаш да избега од родната Германија.
“Овде се подготвуваат економски и политички мрачни времиња, така што сум среќен што можам да одам далеку од сѐ ова”, напишал физичарот во 1922 година во пораката до својата сестра по напуштањето на Берлин.
“Ова писмо е ни открива дека Ајнштајн 10 години порано навистина предвидел што ќе се случува во Германија и за тоа бил загрижен”, вели Мерон Ерен, еден од основачите на израелската куќа Кедем, со седиште во Ерусалим.
Името на купувачот на писмото не е откриено.
Една година подоцна откако го напишал писмото, Ајнштајн добил Нобелова награда за физика. Зев Розенкранц, помошник на директорот од споменатиот проект, вели дека ова не е прво писмо на Ајнштајн во кое е опишано предупредување за национализмот, но покажува во каква состојба бил.
Розенкранц додава дека првичната реакција на Ајнштајн била паника и желба засекогаш да замине од Германија, но во рок од една недела го сменил своето мислење.
Ајнштајн се откажал од германското државјанство во 1933 година, кога Хитлер станал канцелар, и се населил во САД, каде живеел се до својата смрт во 1955 година.